опише

Глагол, свршен

Значење на опише:

1. Даде опис, претстави, прикаже некого или нешто со опис. Тој до подробности го опиша целиот настан. Не може да се опише со зборови.

2. Даде, изложи систематски карактеристични особини, црти на нешто за научна цел. Авторот ги опишал носиите од тој крај.

3. Нацрта, повлече некаква линија или фигура. Таа опиша пред себе полукруг со десната рака. Планетата ја опиша својата елипса околу Сонцето.

4. (мат.) Нацрта некаква геометриска слика околу друга. Опише круг.

Коњугација: (ќе) опишеа , (ќе) опишев , (ќе) опишел, опишаа , опишав , опишал , опишан , опишат , опишете , опиши .

Изведени зборови:

  • опишува, глаг. несв. опишуваат
  • опишување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

опише, опишат; опиши, опишете; опишав, опишаа; опишал; опишан; (ќе) опишев, (ќе) опишеа; (ќе) опишел св. 1. Даде опис, претстави, прикаже некого или нешто со опис. Тој до подробности го опиша целиот настан. Не може да се опише со зборови. 2. Даде, изложи систематски карактеристични особини, црти на нешто за научна цел. Авторот ги опишал носиите од тој крај. 3. Нацрта, повлече некаква линија или фигура. Таа опиша пред себе полукруг со десната рака. Планетата ја опиша својата елипса околу Сонцето. 4. (мат.) Нацрта некаква геометриска слика околу друга. Опише круг. ‖ опишува, опишуваат несв. ‖ глаг. им. опишување ср.