опит

Именка, машки род

Значење на опит:

1. Севкупност од умствени и практични знаења, вештини, навики стекнати низ самиот живот и практика; искуство. Личен опит. Животен опит. Горчлив опит. Пословиците се кратки изреки, извлечени од размислувањата и опитот на нашите предци.

2. Вештачко предизвикување на некоја појава заради проучување и откривање на законитостите на кои подлежи; експеримент, проба, оглед. Лабораториски опити. Набљудување и изведување опити.

3. Испитување, утврдување на особините, проба. Колку нараснала потребата од книга на народен јазик, покажува отворањето на македонска печатница во Солун, како и опитот направен десетина години подоцна да се создаде печатница во селото Ваташа.

Множина: опити.

Оригинални податоци:

опит, мн. опити м. 1. Севкупност од умствени и практични знаења, вештини, навики стекнати низ самиот живот и практика; искуство. Личен опит. Животен опит. Горчлив опит. Пословиците се кратки изреки, извлечени од размислувањата и опитот на нашите предци. 2. Вештачко предизвикување на некоја појава заради проучување и откривање на законитостите на кои подлежи; експеримент, проба, оглед. Лабораториски опити. Набљудување и изведување опити. 3. Испитување, утврдување на особините, проба. Колку нараснала потребата од книга на народен јазик, покажува отворањето на македонска печатница во Солун, како и опитот направен десетина години подоцна да се создаде печатница во селото Ваташа.