опколи

Глагол, свршен

Значење на опколи:

1. Загради, огради некого или нешто од сите страни, расположи се од сите страни на нешто, околу нешто; опкружи. Ти знаеш, штом ја опколија куќата, јас загнав да бегам.

2. (воен.) Образува круг, обрач околу непријателски единици, оневозможувајќи нивно движење или повлекување. Опколени сте, предајте се! Ги опколија, и тие го положија оружјето.

3. За луѓе – насобере се околу некого или нешто; навали од сите страни. Дамите веднаш го опколија момчето.

4. Направи круг околу некого или нешто; обиколи. Да не ја опколи ти земјава, па сега се сети дека е твоја.

Коњугација: опколат.

Изведени зборови:

  • опколува, глаг. несв. опколуваат
  • опколување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

опколи, опколат св. 1. Загради, огради некого или нешто од сите страни, расположи се од сите страни на нешто, околу нешто; опкружи. Ти знаеш, штом ја опколија куќата, јас загнав да бегам. 2. (воен.) Образува круг, обрач околу непријателски единици, оневозможувајќи нивно движење или повлекување. Опколени сте, предајте се! Ги опколија, и тие го положија оружјето. 3. За луѓе – насобере се околу некого или нешто; навали од сите страни. Дамите веднаш го опколија момчето. 4. Направи круг околу некого или нешто; обиколи. Да не ја опколи ти земјава, па сега се сети дека е твоја. ‖ опколува, опколуваат несв. ‖ глаг. им. опколување ср.