опкован

Придавка

Значење на опкован:

1. Што е прицврстен со ковање околу нешто. Имаат долги скии, опковани долу со тенок челик. Тој имаше еден опкован и добро затворен сандак книги.

2. Што е обложен, украсен обично со сребро, злато. Опкован во злато. Штит опкован во бронза.

3. Што е ставен во окови; окован.

Членувана форма: опкованиот.

Оригинални податоци:

опкован, опкованиот прид. 1. Што е прицврстен со ковање околу нешто. Имаат долги скии, опковани долу со тенок челик. Тој имаше еден опкован и добро затворен сандак книги. 2. Што е обложен, украсен обично со сребро, злато. Опкован во злато. Штит опкован во бронза. 3. Што е ставен во окови; окован.