опкружи
Значење на опкружи:
1. Направи круг околу некого или нешто, загради некого или нешто од сите страни; опколи. Ја опкружиле коријата.
2. За луѓе – насобере се околу некого или нешто, навали од сите страни; опколи 2. Толпа луѓе се насобраа и го опкружија исплашеното момче.
Конјугација: опкружат.
Изведени зборови:
- опкружува, глаг. несв. опкружуваат 1. сп. опкружи. 2. Живее, е во определена средина, околина. Се веселеше од богатството што ја опкружуваше. Светот што ме опкружуваше се претвора во ужасен неред.
- опкружување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
опкружи, опкружат св. 1. Направи круг околу некого или нешто, загради некого или нешто од сите страни; опколи. Ја опкружиле коријата. 2. За луѓе – насобере се околу некого или нешто, навали од сите страни; сп. опколи 2. Толпа луѓе се насобраа и го опкружија исплашеното момче. ‖ опкружува, опкружуваат несв. 1. сп. опкружи. 2. Живее, е во определена средина, околина. Се веселеше од богатството што ја опкружуваше. Светот што ме опкружуваше се претвора во ужасен неред. ‖ глаг. им. опкружување ср.