оплоди
Значење на оплоди:
1. Направи да зачне, да се создаде плод кај човек, животно или растение.
2. Направи нешто да стане плодно, плодородно. Оплоди ја оваа посна земја.
3. (прен.) Развие, збогати.
Коњугација: оплодат.
Изведени зборови:
- оплодување, глаг. им. ср.
- се ~ оплоди, 1. Биде оплоден. 2. Роди, донесе плод.
- (се) оплодува, глаг. несв. (се) оплодуваат
Оригинални податоци:
оплоди, оплодат св. 1. Направи да зачне, да се создаде плод кај човек, животно или растение. 2. Направи нешто да стане плодно, плодородно. Оплоди ја оваа посна земја. 3. (прен.) Развие, збогати. ● се ~ 1. Биде оплоден. 2. Роди, донесе плод. ‖ (се) оплодува, (се) оплодуваат несв. ‖ глаг. им. оплодување ср.