опна

Именка, женски род

Значење на опна:

1. (биол.) Тенка кожичка со која е обвиено ткивото, некој орган; заштитна обвивка на клетка; ципа. Тогаш опната на јајцето пука и излегува ларвата.

2. (физ.) Тенка, еластична кожичка или плочка што служи за пренесување на звучните вибрации или за одделување на две средини; мембрана.

3. Обвивка, мембрана воопшто. Низ топлата опна на клепките, белината на денот станува проѕирна.

Множина: опни.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ушна опна – еластична кожичка меѓу надворешниот ушен канал и средното уво.

Оригинални податоци:

опна, мн. опни ж. 1. (биол.) Тенка кожичка со која е обвиено ткивото, некој орган; заштитна обвивка на клетка; ципа. Тогаш опната на јајцето пука и излегува ларвата. 2. (физ.) Тенка, еластична кожичка или плочка што служи за пренесување на звучните вибрации или за одделување на две средини; мембрана. 3. Обвивка, мембрана воопшто. Низ топлата опна на клепките, белината на денот станува проѕирна. ◊ Ушна опна – еластична кожичка меѓу надворешниот ушен канал и средното уво.