опне
Значење на опне:
1. Силно напрегне, запне да направи нешто. Токму поради стравот што пред малку му ги стегна градите, сега уште посилно опна, па побрза да се врзе со појасот. Со јуриш опнаа да влезат – не бива.
2. Затегне, доведе нешто во затегната, оптегната состојба. Тромите прсти удрија по опнатите жици.
3. За дел од тело – истегне, протегне, испружи. Ги опна рацете кон ѕидот и силно воздивна.
4. (разг.) Стави, намести. Ја опнале тавата, ги напржиле рибите. Ги опнаа фурките да предат. Опнал ловџиска пушка на рамо и по цел ден се врти околу селото.
5. За шатор – оптегне, растегне. Го упатија кон она шаторско крило што го опнаа под една карпа.
6. (прен.) Удри, тупне, перне некого. Не сакајќи, го опна со лактот по главата.
7. (разг.) Даде, наметне нешто на сила. Багажот мене ми го опнаа да го носам.
8. (разг.) Натера, принуди некого да работи, да прави нешто. Ех, да ги опнам малку на сонце, та малку да пожнијат, ќе заборават каде им е главата, а каде нозете.
9. (разг., прен.) Испие, изеде наеднаш нешто. Опна една чашка, опна две и сè подобро се чувствуваше.
10. (разг.) Започне да прави нешто. Штом ќе излезеше од селото, ќе опнеше еден разговор за времето со него. Опна некаква песна – не песна, ами нешто долго – крај немаше.
Коњугација: (ќе) опнеа , (ќе) опнев , (ќе) опнел, опнаа , опнав , опнал , опнат , опнат , опнете , опни .
Изведени зборови:
- опнување, глаг. им. ср.
- се ~ опне, 1. Се напрегне, запне да направи нешто. Се опна да ја дигне вреќата сам. 2. Се истегне, се протегне, се испружи. Тенките и ковчести раце на првиот пак се опнаа. 3. (разг.) Се наметне некому, отиде некому без срам. Вечерта неколкумина од нив му се опнаа дома на разговор.
- (се) опнува, глаг. несв. (се) опнуваат
Оригинални податоци:
опне, опнат; опни, опнете; опнав, опнаа; опнал; опнат; (ќе) опнев, (ќе) опнеа; (ќе) опнел св. 1. Силно напрегне, запне да направи нешто. Токму поради стравот што пред малку му ги стегна градите, сега уште посилно опна, па побрза да се врзе со појасот. Со јуриш опнаа да влезат – не бива. 2. Затегне, доведе нешто во затегната, оптегната состојба. Тромите прсти удрија по опнатите жици. 3. За дел од тело – истегне, протегне, испружи. Ги опна рацете кон ѕидот и силно воздивна. 4. (разг.) Стави, намести. Ја опнале тавата, ги напржиле рибите. Ги опнаа фурките да предат. Опнал ловџиска пушка на рамо и по цел ден се врти околу селото. 5. За шатор – оптегне, растегне. Го упатија кон она шаторско крило што го опнаа под една карпа. 6. (прен.) Удри, тупне, перне некого. Не сакајќи, го опна со лактот по главата. 7. (разг.) Даде, наметне нешто на сила. Багажот мене ми го опнаа да го носам. 8. (разг.) Натера, принуди некого да работи, да прави нешто. Ех, да ги опнам малку на сонце, та малку да пожнијат, ќе заборават каде им е главата, а каде нозете. 9. (разг., прен.) Испие, изеде наеднаш нешто. Опна една чашка, опна две и сè подобро се чувствуваше. 10. (разг.) Започне да прави нешто. Штом ќе излезеше од селото, ќе опнеше еден разговор за времето со него. Опна некаква песна – не песна, ами нешто долго – крај немаше. ● се ~ 1. Се напрегне, запне да направи нешто. Се опна да ја дигне вреќата сам. 2. Се истегне, се протегне, се испружи. Тенките и ковчести раце на првиот пак се опнаа. 3. (разг.) Се наметне некому, отиде некому без срам. Вечерта неколкумина од нив му се опнаа дома на разговор. ‖ (се) опнува, (се) опнуваат несв. ‖ глаг. им. опнување ср.