опомена

Именка, женски род

Значење на опомена:

1. Предупредување, совет. Неговите зборови ги сфати како опомена.

2. Укор, приговор воопшто. Ниту опомените на учителот не можеа така веднаш да го смират, како нејзиниот поглед.

3. Најмал степен на дисциплинска казна (во училиште, во спортот и сл.). Поради неоправдани изостаноци доби опомена од класниот раководител.

Множина: опомени.

Оригинални податоци:

опомена, мн. опомени ж. 1. Предупредување, совет. Неговите зборови ги сфати како опомена. 2. Укор, приговор воопшто. Ниту опомените на учителот не можеа така веднаш да го смират, како нејзиниот поглед. 3. Најмал степен на дисциплинска казна (во училиште, во спортот и сл.). Поради неоправдани изостаноци доби опомена од класниот раководител.