опомене

Глагол, свршен

Значење на опомене:

1. Предупреди, потсети. Ја помрдна ногата, но болката го опомена дека не е сон. Тој ги опомена да не спијат испотени.

2. Укори. Мислиш ако молчам и никогаш не сум те опоменал, треба да правиш сè што сакаш. Сестра ѝ ја опомена со очите.

Конјугација: (ќе) опоменеа , (ќе) опоменев , (ќе) опоменел, опоменаа , опоменав , опоменал , опоменат , опоменат , опоменете , опомени .

Изведени зборови:

  • опоменува, глаг. несв. опоменуваат
  • опоменување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

опомене, опоменат; опомени, опоменете; опоменав, опоменаа; опоменал; опоменат; (ќе) опоменев, (ќе) опоменеа; (ќе) опоменел св. 1. Предупреди, потсети. Ја помрдна ногата, но болката го опомена дека не е сон. Тој ги опомена да не спијат испотени. 2. Укори. Мислиш ако молчам и никогаш не сум те опоменал, треба да правиш сè што сакаш. Сестра ѝ ја опомена со очите. ‖ опоменува, опоменуваат несв. ‖ глаг. им. опоменување ср.