опор
Значење на опор:
1. Што има киселкав и малку горчлив вкус што ја собира устата, што тешко се голта. Касна и тврдото, опоро касајче ѝ го стегна грлото.
2. Што е со силен, остар и тежок мирис. Чемериката шири горчлив, опор мирис во бранови.
3. Груб, рапав. Му рече со опор глас.
4. Непријатен, нељубезен. Не дочека да се доискаже, а го пресече со опора острина во гласот.
5. Строг, крут, неосетлив. Таа беше опора личност.
6. Мачен, тежок. Во неа веќе зрееше опора грижа.
Членувана форма: опориот.
Изведени зборови:
- опоро, прил. Реата на млечните зрна во класјето опива грепкајќи ја опоро душата. Малку се подзамисли, а после опоро одговори.
- опорост, и. ж.
Оригинални податоци:
опор, опориот прид. 1. Што има киселкав и малку горчлив вкус што ја собира устата, што тешко се голта. Касна и тврдото, опоро касајче ѝ го стегна грлото. 2. Што е со силен, остар и тежок мирис. Чемериката шири горчлив, опор мирис во бранови. 3. Груб, рапав. Му рече со опор глас. 4. Непријатен, нељубезен. Не дочека да се доискаже, а го пресече со опора острина во гласот. 5. Строг, крут, неосетлив. Таа беше опора личност. 6. Мачен, тежок. Во неа веќе зрееше опора грижа. ‖ опоро прил. Реата на млечните зрна во класјето опива грепкајќи ја опоро душата. Малку се подзамисли, а после опоро одговори. ‖ опорост ж.