оправда

Глагол, свршен

Значење на оправда:

1. Ослободи некого од обвинение или одговорност, признавајќи го за невин. Поради недостиг на докази судот го оправда обвинетиот. Ако се покаеш, ќе те оправдаат.

2. Објасни, одбрани некаква постапка; признае нешто за правилно, допустливо, возможно; одобри, дозволи нешто. Тој се обидуваше да ја оправда својата постапка. Постојано бараше начин да го оправда нејзиното однесување.

3. Потврди, докаже дека е нешто точно, правилно. Развитокот на македонскиот литературен јазик ги оправда погледите на Мисирков. Научниот собир ја оправда својата цел.

4. Покаже, докаже дека навистина заслужува нечија доверба и сл. Вети дека ќе ја оправда довербата што му е укажана.

5. Поднесе, достави документи за направени трошоци. Ја достави сметката за да ги оправда патните трошоци.

Конјугација: оправдаат.

Изведени зборови:

  • оправдување, глаг. им. ср.
  • се ~ оправда, Симне од себе сомнеж, вина; ја докаже оправданоста на својата постапка и сл. Тој ме праша како ќе се оправдам на работа. Треба само патем да пронајдам некоја причина да се оправдам што доаѓам.
  • (се) оправдува, глаг. несв. (се) оправдуваат

Оригинални податоци:

оправда, оправдаат св. 1. Ослободи некого од обвинение или одговорност, признавајќи го за невин. Поради недостиг на докази судот го оправда обвинетиот. Ако се покаеш, ќе те оправдаат. 2. Објасни, одбрани некаква постапка; признае нешто за правилно, допустливо, возможно; одобри, дозволи нешто. Тој се обидуваше да ја оправда својата постапка. Постојано бараше начин да го оправда нејзиното однесување. 3. Потврди, докаже дека е нешто точно, правилно. Развитокот на македонскиот литературен јазик ги оправда погледите на Мисирков. Научниот собир ја оправда својата цел. 4. Покаже, докаже дека навистина заслужува нечија доверба и сл. Вети дека ќе ја оправда довербата што му е укажана. 5. Поднесе, достави документи за направени трошоци. Ја достави сметката за да ги оправда патните трошоци. ● се ~ Симне од себе сомнеж, вина; ја докаже оправданоста на својата постапка и сл. Тој ме праша како ќе се оправдам на работа. Треба само патем да пронајдам некоја причина да се оправдам што доаѓам. ‖ (се) оправдува, (се) оправдуваат несв. ‖ глаг. им. оправдување ср.