оправдан
Значење на оправдан:
1. Што е основан, исправен, точен. Оправдан приговор. Се покажа дека неговиот страв беше оправдан. Мојата непромислена постапка е оправдана. Беше обземена од силен и оправдан гнев.
2. Што е ослободен од вина. Вие гласате обвинетиот да биде оправдан? 3. Што може да се оправда, што има оправдување. Оправдан изостанок. Тој од оправдани причини не можеше да дојде.
Членувана форма: оправданиот.
Изведени зборови:
- оправдано, прил. Основано, со причина. Тој сосема оправдано се побуни.
- оправданост, и. ж.
Оригинални податоци:
оправдан, оправданиот прид. 1. Што е основан, исправен, точен. Оправдан приговор. Се покажа дека неговиот страв беше оправдан. Мојата непромислена постапка е оправдана. Беше обземена од силен и оправдан гнев. 2. Што е ослободен од вина. Вие гласате обвинетиот да биде оправдан? 3. Што може да се оправда, што има оправдување. Оправдан изостанок. Тој од оправдани причини не можеше да дојде. ‖ оправдано прил. Основано, со причина. Тој сосема оправдано се побуни. ‖ оправданост ж.