оправи 1
Значење на оправи:
1. Доведе во ред, во исправна состојба; поправи. Мислам дека ја оправив работата.
2. За време – се подобри, се расчисти, се разведри.
Конјугација: оправат.
Изведени зборови:
- оправање, глаг. им. ср. оправање / оправување
- (се) оправа, глаг. несв. (се) оправаат -- (се) оправува, (се) оправуваат
- се ~ оправи, Оздрави, закрепне. По неколку дена тој сосема се оправи од болеста.
Оригинални податоци:
оправи1, оправат св. 1. Доведе во ред, во исправна состојба; поправи. Мислам дека ја оправив работата. 2. За време – се подобри, се расчисти, се разведри. ● се ~ Оздрави, закрепне. По неколку дена тој сосема се оправи од болеста. ‖ (се) оправа, (се) оправаат / (се) оправува, (се) оправуваат несв. ‖ глаг. им. оправање / оправување ср.