опре

Глагол, свршен

Значење на опре:

Потпре, облегне на некого или на нешто. Тој си ја опре главата на рацете. Го опре товарот на оградата.

Коњугација: опрат , опреа , опрев , опрел , опрен, опрете , опри .

Изведени зборови:

  • опирање, глаг. им. ср.
  • (се) опира, глаг. несв. (се) опираат
  • се ~ опре, 1. Се потпре, се облегне на некого или на нешто. Таа се опре до вратата. Опри се на мене дури да земеш сила. 2. (прен.) Се поткрепи, се подржи, се помогне од некого. Најпосле се најде човек на кого може да се опре. Само опрете се на мене и бидете без грижа. 3. Се спротивстави. Ако го гледаш слабо, никој не може да му се опре.

Оригинални податоци:

опре, опрат; опри, опрете; опрев, опреа; опрел; опрен св. Потпре, облегне на некого или на нешто. Тој си ја опре главата на рацете. Го опре товарот на оградата. ● се ~ 1. Се потпре, се облегне на некого или на нешто. Таа се опре до вратата. Опри се на мене дури да земеш сила. 2. (прен.) Се поткрепи, се подржи, се помогне од некого. Најпосле се најде човек на кого може да се опре. Само опрете се на мене и бидете без грижа. 3. Се спротивстави. Ако го гледаш слабо, никој не може да му се опре. ‖ (се) опира, (се) опираат несв. ‖ глаг. им. опирање ср.