определи
Значење на определи:
1. а) Точно установи, утврди нешто. Овчарот точно можеше да определи од која страна доаѓа звукот на ѕвонецот. Карактерот на збирката е определен во предговорот. Тој не можеше да определи точно, каков е неговиот став. б) Пресмета, утврди број, количество. Комисијата ја определи најниската откупна цена.
2. Одлучи, реши. Чекаа учителот да определи кој во кое одделение ќе учи. Таа остави јас да го определам местото на средбата.
3. Набележи, назначи. Тој влез е определен како службен. Во салата беше точно определено кој каде ќе седи.
4. Избере, назначи на должност. Кажете дека сè уште не сум го определил заменикот.
5. Обуслови. Самите услови го определија начинот на работа.
6. Установи, додели, даде некому нешто (награда, задача и сл.). Комисијата ми ја определи наградата за најдобар расказ. Секому му ја определи работата што требаше да ја заврши.
Конјугација: определат.
Изведени зборови:
- определување, глаг. им. ср.
- се ~ определи, Се одлучи, се реши за некого или нешто; заземе став за нешто, избере. Само од тебе зависи за што ќе се определиш. Треба да се определиш на чија страна си.
- (се) определува, глаг. несв. (се) определуваат
Оригинални податоци:
определи, определат св. 1. а) Точно установи, утврди нешто. Овчарот точно можеше да определи од која страна доаѓа звукот на ѕвонецот. Карактерот на збирката е определен во предговорот. Тој не можеше да определи точно, каков е неговиот став. б) Пресмета, утврди број, количество. Комисијата ја определи најниската откупна цена. 2. Одлучи, реши. Чекаа учителот да определи кој во кое одделение ќе учи. Таа остави јас да го определам местото на средбата. 3. Набележи, назначи. Тој влез е определен како службен. Во салата беше точно определено кој каде ќе седи. 4. Избере, назначи на должност. Кажете дека сè уште не сум го определил заменикот. 5. Обуслови. Самите услови го определија начинот на работа. 6. Установи, додели, даде некому нешто (награда, задача и сл.). Комисијата ми ја определи наградата за најдобар расказ. Секому му ја определи работата што требаше да ја заврши. ● се ~ Се одлучи, се реши за некого или нешто; заземе став за нешто, избере. Само од тебе зависи за што ќе се определиш. Треба да се определиш на чија страна си. ‖ (се) определува, (се) определуваат несв. ‖ глаг. им. определување ср.