опседне 2

Глагол, свршен

Значење на опседне:

1. Изврши опсада, опколи со војска утврдено или населено место; опсади. Четата ја опседна куќата во која се криеја.

2. (прен.) Опколи, обгради од сите страни. Тука е оваа зима, нè опседнала и глава не ни дава да подадеме надвор.

3. (прен.) Обземе, опфати, занесе. Во тој час го опседнаа тажни мисли.

Конјугација: (ќе) опседнеа , (ќе) опседнев , (ќе) опседнел, опседнаа , опседнав , опседнал , опседнат , опседнат , опседнете , опседни .

Изведени зборови:

  • опседнува, глаг. несв. опседнуваат
  • опседнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

опседне2, опседнат; опседни, опседнете; опседнав, опседнаа; опседнал; опседнат; (ќе) опседнев, (ќе) опседнеа; (ќе) опседнел св. 1. Изврши опсада, опколи со војска утврдено или населено место; опсади. Четата ја опседна куќата во која се криеја. 2. (прен.) Опколи, обгради од сите страни. Тука е оваа зима, нè опседнала и глава не ни дава да подадеме надвор. 3. (прен.) Обземе, опфати, занесе. Во тој час го опседнаа тажни мисли. ‖ опседнува, опседнуваат несв. ‖ глаг. им. опседнување ср.