општ

Придавка

Значење на општ:

1. Што им е својствен на сите, што се однесува на сите. Објавија општа мобилизација. Општата среќа е наша цел. Општа корист. Општо мнение. Општа оценка.

2. Што им припаѓа на сите, заеднички, колективен. Се грижи за општиот интерес на државата. Има ред општи проблеми и интереси. Општ глаголски дел (корен).

3. Целосен, што се однесува на сѐ од една област. Тоа е време на општа економска криза во светот. Настана општа смеа. Општа караница. Општа историја. Општа типолошка граматика.

4. Што се однесува на основите на нешто без навлегување во посебни и специјални прашања. Општото поледелство е основа за правилно изучување на материјата од специјалното поледелство. Општиот лекар ме испрати на специјалистички преглед. Ги изнаоѓаат општите и специфичните карактеристики.

5. Што го содржи само најважното, што е површен и без детали. Да искажеме само некои сосем општи забелешки. Ќе се задоволиме со набележување на некои општи линии. Авторот дава само општи податоци. Проблемот го изложи во општи црти.

Членувана форма: општиот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Наоѓа општ јазик со некого – се разбира со некого. Во општи црти – на кратко, без детали.

Оригинални податоци:

општ, општиот прид. 1. Што им е својствен на сите, што се однесува на сите. Објавија општа мобилизација. Општата среќа е наша цел. Општа корист. Општо мнение. Општа оценка. 2. Што им припаѓа на сите, заеднички, колективен. Се грижи за општиот интерес на државата. Има ред општи проблеми и интереси. Општ глаголски дел (корен). 3. Целосен, што се однесува на сѐ од една област. Тоа е време на општа економска криза во светот. Настана општа смеа. Општа караница. Општа историја. Општа типолошка граматика. 4. Што се однесува на основите на нешто без навлегување во посебни и специјални прашања. Општото поледелство е основа за правилно изучување на материјата од специјалното поледелство. Општиот лекар ме испрати на специјалистички преглед. Ги изнаоѓаат општите и специфичните карактеристики. 5. Што го содржи само најважното, што е површен и без детали. Да искажеме само некои сосем општи забелешки. Ќе се задоволиме со набележување на некои општи линии. Авторот дава само општи податоци. Проблемот го изложи во општи црти. ◊ Наоѓа општ јазик со некого – се разбира со некого. Во општи црти – на кратко, без детали.