опсипе

Глагол, свршен

Значење на опсипе:

1. а) Покрие, посипе некаква површина со нешто; покрие, посипе некого или нешто од сите страни. Виулицата ми го опсипа лицето со снегулки. Непријателот нè опсипа со оган од сите страни. Тестото го опсипа со брашно и почна да сука. Градот го опсипа благата светлина на месечината.

2. (прен.) Даде, упати некому нешто во голема мера, во изобилие; натрупа некого со нешто. Таа го опсипа со подароци и бакнежи. Веднаш штом влезе, таа го опсипа со прашања и префрлања.

Конјугација: (ќе) опсипеа , (ќе) опсипев , (ќе) опсипел, опсипаа , опсипав , опсипал , опсипан , опсипат , опсипете , опсипи .

Изведени зборови:

  • опсипување, глаг. им. ср.
  • се ~ опсипе, Се појави во голем број. Кожата ни се опсипа со пликови.
  • (се) опсипува, глаг. несв. (се) опсипуваат

Оригинални податоци:

опсипе, опсипат; опсипи, опсипете; опсипав, опсипаа; опсипал; опсипан; (ќе) опсипев, (ќе) опсипеа; (ќе) опсипел св. 1. а) Покрие, посипе некаква површина со нешто; покрие, посипе некого или нешто од сите страни. Виулицата ми го опсипа лицето со снегулки. Непријателот нè опсипа со оган од сите страни. Тестото го опсипа со брашно и почна да сука. Градот го опсипа благата светлина на месечината. 2. (прен.) Даде, упати некому нешто во голема мера, во изобилие; натрупа некого со нешто. Таа го опсипа со подароци и бакнежи. Веднаш штом влезе, таа го опсипа со прашања и префрлања. ● се ~ Се појави во голем број. Кожата ни се опсипа со пликови. ‖ (се) опсипува, (се) опсипуваат несв. ‖ глаг. им. опсипување ср.