опстанок

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на опстанок:

Одржување во живот, постоење, живот. Воденичарството е една од најстарите производствени гранки сврзани со исхраната и опстанокот на човекот. Тој знаеше дека од него зависи опстанокот на овој театар.

Фразеолошки израз / поговорка:

Борба за опстанок – природен (биолошки) закон според кој сите живи суштества се борат да опстанат во различни климатски, географски и др. услови и да ги избегнат опасностите.

Оригинални податоци:

опстанок (само едн.) м. Одржување во живот, постоење, живот. Воденичарството е една од најстарите производствени гранки сврзани со исхраната и опстанокот на човекот. Тој знаеше дека од него зависи опстанокот на овој театар. ◊ Борба за опстанок – природен (биолошки) закон според кој сите живи суштества се борат да опстанат во различни климатски, географски и др. услови и да ги избегнат опасностите.