опстоен
Значење на опстоен:
Што содржи многу подробности, опширен, исцрпен, темелен. За тоа прашање потребна е поопстојна анализа. По опстојната дискусија се донесе едногласно решение.Членувана форма: опстојниот.
Изведени зборови:
- опстојно, прил. Опширно, темелно, подробно. Таа тема е опстојно обработена.
- опстојност, и. ж.
Оригинални податоци:
опстоен, опстојниот прид. Што содржи многу подробности, опширен, исцрпен, темелен. За тоа прашање потребна е поопстојна анализа. По опстојната дискусија се донесе едногласно решение. ‖ опстојно прил. Опширно, темелно, подробно. Таа тема е опстојно обработена. ‖ опстојност ж.