оптовари
Значење на оптовари:
1. а) Стави повеќе товар за носење. б) Стави поголем товар, тежина врз нешто поради некоја потреба (да се исправи, да се залепи, да се испроба итн.) 2. (прен.) а) Зададе некому многу обврски, задолженија, грижи. Го оптоварија со премногу часови. Некои решенија му ја оптоварија совеста. б) Обремени со премногу работи, направи да стане преобемен. Програмата ја оптоварија со многу предмети.
2. (прен.) Финансиски задолжи. Ја оптоварија фирмата со многу кредити.
Коњугација: оптоварат.
Изведени зборови:
- оптоварува, глаг. несв. оптоваруваат
- оптоварување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
оптовари, оптоварат св. 1. а) Стави повеќе товар за носење. б) Стави поголем товар, тежина врз нешто поради некоја потреба (да се исправи, да се залепи, да се испроба итн.) 2. (прен.) а) Зададе некому многу обврски, задолженија, грижи. Го оптоварија со премногу часови. Некои решенија му ја оптоварија совеста. б) Обремени со премногу работи, направи да стане преобемен. Програмата ја оптоварија со многу предмети. 3. (прен.) Финансиски задолжи. Ја оптоварија фирмата со многу кредити. ǁ оптоварува, оптоваруваат несв. ǁ глаг. им. оптоварување ср.