ора

Глагол, несвршен

Значење на ора:

Обработува плодна земја со рало, со плуг или со трактор со цел да се раситни земјата и да се подготви за сеење. Цел ден ја ораше нивата со тракторот.

Коњугација: ораат.

Изведени зборови:

  • орање, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ѓаволот ни ора, ни копа – лошото секогаш демне, па затоа треба човек да е претпазлив.

Оригинални податоци:

ора, ораат несв. Обработува плодна земја со рало, со плуг или со трактор со цел да се раситни земјата и да се подготви за сеење. Цел ден ја ораше нивата со тракторот. ◊ Ѓаволот ни ора, ни копа – лошото секогаш демне, па затоа треба човек да е претпазлив. ǁ глаг. им. орање ср.