ореол
Значење на ореол:
1. Сјаен или златест круг околу главата на светец на икона или на фреска. Набргу нивните просветителски и светителски ореоли станаа симболи за дејноста на солунските браќа.
2. (само едн., прен.) Слава и почит која му припаѓа некому. Пред себе и пред другите си го придава ореолот на маченик и осуденик.
Множина: ореоли.
Изведени зборови:
- ореолски, прид. ореолскиот
Оригинални податоци:
ореол, мн. ореоли м. 1. Сјаен или златест круг околу главата на светец на икона или на фреска. Набргу нивните просветителски и светителски ореоли станаа симболи за дејноста на солунските браќа. 2. (само едн., прен.) Слава и почит која му припаѓа некому. Пред себе и пред другите си го придава ореолот на маченик и осуденик. ǁ ореолски, ореолскиот прид.