орев
Ботаника.
Значење на орев:
1. Големо дрво со плод во цврста лушпа; Juglans regia. Еднаш му рече на брата си да го берат оревот и да си ги делат оревите.
2. Плодот од тоа дрво.
3. Мебел или други производи од оревово дрво.
4. Боја на орев.
Множина: ореви.
Фразеолошки израз / поговорка:
Тврд орев – за човек со кој тешко се работи или проблем што тешко се решава.
Оригинални податоци:
орев, мн. ореви м. (бот.) 1. Големо дрво со плод во цврста лушпа; Juglans regia. Еднаш му рече на брата си да го берат оревот и да си ги делат оревите. 2. Плодот од тоа дрво. 3. Мебел или други производи од оревово дрво. 4. Боја на орев. ◊ Тврд орев – за човек со кој тешко се работи или проблем што тешко се решава.