организација
Значење на организација:
1. (само едн.) Активности за подготовка на нешто (приредба, конференција и сл,), средување или основање на нешто; организирање. Организацијата на студентската приредба ќе ја раководи претседателот.
2. (само едн.) Плански и добро спроведени активности за остварување на некоја замисла или акција, организираност. Организацијата на приредбата беше одлична.
3. (само едн.) Систем, начин на спроведување на некои активности. Воведовме нова организација на работата.
4. Група луѓе, институции или држави здружени со заеднички цели и интереси. Студентска организација. Организација на обединетите нации.
Множина: организации.
Оригинални податоци:
организација, мн. организации ж. 1. (само едн.) Активности за подготовка на нешто (приредба, конференција и сл,), средување или основање на нешто; организирање. Организацијата на студентската приредба ќе ја раководи претседателот. 2. (само едн.) Плански и добро спроведени активности за остварување на некоја замисла или акција, организираност. Организацијата на приредбата беше одлична. 3. (само едн.) Систем, начин на спроведување на некои активности. Воведовме нова организација на работата. 4. Група луѓе, институции или држави здружени со заеднички цели и интереси. Студентска организација. Организација на обединетите нации.