организам
Значење на организам:
1. Единка од живиот свет – човек, животно или растение како систем од органи со усогласени функции.
2. Севкупност на физичките и психичките својства на човекот. Тој има многу здрав организам.
3. (прен.) Систем, целина од органи во една институција; нешто што е организирано во сложено единство. Национален организам. Општествен организам.
Множина: организми.
Членувана форма: организмот.
Оригинални податоци:
организам, организмот, мн. организми м. 1. Единка од живиот свет – човек, животно или растение како систем од органи со усогласени функции. 2. Севкупност на физичките и психичките својства на човекот. Тој има многу здрав организам. 3. (прен.) Систем, целина од органи во една институција; нешто што е организирано во сложено единство. Национален организам. Општествен организам.