организира
Значење на организира:
1. Подготви, подготвува или приреди, приредува нешто. Јас велам да организираме бегање од оваа пустиња. Студентите организираа бруцошка вечер.
2. Опфати, опфаќа, обедини, обединува група луѓе во една целина, во една организација. Таа дури организира жени.
3. Формира, основа, образува нешто. Тие веќе организираа власт. Треба да се органзира некој род војска.
4. Среди, средува нешто, подреди, подредува нешто, внесе ред во нешто. Тој убаво ја организира работата во библиотеката.
Коњугација: организираат , организирајќи.
Изведени зборови:
- организирање, глаг. им. ср.
- организирачки, прид.
- се ~ организира, Се здружи, се здружува, се обедини, се обединува со некаква заедничка цел, се зачлени, се зачленува во некоја организација. Тие се организале во здруженија на граѓани како невладина организација.
Оригинални податоци:
организира, организираат; организирајќи св. и несв. 1. Подготви, подготвува или приреди, приредува нешто. Јас велам да организираме бегање од оваа пустиња. Студентите организираа бруцошка вечер. 2. Опфати, опфаќа, обедини, обединува група луѓе во една целина, во една организација. Таа дури организира жени. 3. Формира, основа, образува нешто. Тие веќе организираа власт. Треба да се органзира некој род војска. 4. Среди, средува нешто, подреди, подредува нешто, внесе ред во нешто. Тој убаво ја организира работата во библиотеката. ● се ~ Се здружи, се здружува, се обедини, се обединува со некаква заедничка цел, се зачлени, се зачленува во некоја организација. Тие се организале во здруженија на граѓани како невладина организација. ǁ глаг. им. организирање ср. ǁ организирачки прид.