органски

Придавка

Значење на органски:

1. Што се однесува на организмот во целина или на некој негов орган, што е вроден. Резултатите не покажуваа никакво органско заболување.

2. Што му припаѓа на живиот свет. Органската материја има најголемо значење за плодноста на почвата.

3. Што е суштински поврзан со нешто, што е суштествен. Домашните задачи се составен органски дел на работата в клас.

4. Што му е внатрешно својствен на некого. Меѓу нив постоеше органска нетрпеливост.

Членувана форма: органскиот.

Оригинални податоци:

органски, органскиот прид. 1. Што се однесува на организмот во целина или на некој негов орган, што е вроден. Резултатите не покажуваа никакво органско заболување. 2. Што му припаѓа на живиот свет. Органската материја има најголемо значење за плодноста на почвата. 3. Што е суштински поврзан со нешто, што е суштествен. Домашните задачи се составен органски дел на работата в клас. 4. Што му е внатрешно својствен на некого. Меѓу нив постоеше органска нетрпеливост.