ориентира
Значење на ориентира:
1. Определи, определува насока на движење или дејствување.
2. Упати, упатува, насочи, насочува, помогне, помага некому да најде пат или решение во некоја ситуација.
Конјугација: ориентираат , ориентирајќи.
Изведени зборови:
- ориентирање, глаг. им. ср.
- се ~ ориентира, 1. Ја определи, определува својата позиција, местоположба. Тие се ориентирале според ѕвездите. 2. Ја насочи, насочува својата дејност кон определена цел. Се ориентира на акции во оние места кај што беше непријателот послаб. 3. Се запознае, запознава со некој проблем, добива податоци за него. Долго се распрашуваше за да може подобро да се ориентира во новата средина. 4. (прен.) Се снајде, се снаоѓа во определни околности и ситуации. Таа одлично се ориентира во секакви ситуации.
Оригинални податоци:
ориентира, ориентираат; ориентирајќи св. и несв. 1. Определи, определува насока на движење или дејствување. 2. Упати, упатува, насочи, насочува, помогне, помага некому да најде пат или решение во некоја ситуација. ● се ~ 1. Ја определи, определува својата позиција, местоположба. Тие се ориентирале според ѕвездите. 2. Ја насочи, насочува својата дејност кон определена цел. Се ориентира на акции во оние места кај што беше непријателот послаб. 3. Се запознае, запознава со некој проблем, добива податоци за него. Долго се распрашуваше за да може подобро да се ориентира во новата средина. 4. (прен.) Се снајде, се снаоѓа во определни околности и ситуации. Таа одлично се ориентира во секакви ситуации. ǁ глаг. им. ориентирање ср.