оригинален

Придавка

Значење на оригинален:

1. Првосоздаден, изворен, вистински. Тој преведува и пишува оригинални текстови.

2. Самостоен, свој што не е имитација. Професорката нѐ предупреди дека ќе се земат предвид само оригинални пристапи кон темата.

3. Необичен, интересен, чуден, своеобразен. Тој има посебни сфаќања и ми се допаѓа бидејќи е оригинален.

Членувана форма: оригиналниот.

Изведени зборови:

  • оригинално, прил. Оригинално зборуваше за познати работи.
  • оригиналност, и. ж.

Оригинални податоци:

оригинален, оригиналниот прид. 1. Првосоздаден, изворен, вистински. Тој преведува и пишува оригинални текстови. 2. Самостоен, свој што не е имитација. Професорката нѐ предупреди дека ќе се земат предвид само оригинални пристапи кон темата. 3. Необичен, интересен, чуден, своеобразен. Тој има посебни сфаќања и ми се допаѓа бидејќи е оригинален. ǁ оригинално прил. Оригинално зборуваше за познати работи. ǁ оригиналност ж.