оро
Значење на оро:
1. Народен танц во кој играчите најчесто фатени за раце се движат во круг; танец. Свадбарско оро. Кумово оро.
2. Музика за народен танц. Го засвиреа пајдушкото оро. Засвири оро да поиграме.
3. Луѓето што играат фатени за рака, за рамо и сл.. Сите се фатија на орото што го водеше невестата.
Множина: ора.
Фразеолошки израз / поговорка:
И ситно оро ќе игра; Оро таратинско ќе игра; Ќе игра оро на тепсија (на шикла) – ќе биде принуден да направи сѐ што треба и ако не сака. Гладна мечка оро не игра – гладен човек не може да работи. Си се фатил на оро, ќе играш; Дала баба динар да се фати на оро, дала два да се пушти, ама не ја пуштиле (посл.) – кога си започнал некоја работа, треба да ја довршиш. Се фатил сиромавиот на оро, се скинал тапанот – кога сиромав ќе почне некоја добра работа, излегуваат многу проблеми и работата се расипува. Самовилско оро – 1. виорен ветер што завива сѐ во круг и крева сѐ на што ќе наиде; 2. прекрасно оро, оро на самовилите.
Оригинални податоци:
оро, мн. ора ср. 1. Народен танц во кој играчите најчесто фатени за раце се движат во круг; танец. Свадбарско оро. Кумово оро. 2. Музика за народен танц. Го засвиреа пајдушкото оро. Засвири оро да поиграме. 3. Луѓето што играат фатени за рака, за рамо и сл.. Сите се фатија на орото што го водеше невестата. ◊ И ситно оро ќе игра; Оро таратинско ќе игра; Ќе игра оро на тепсија (на шикла) – ќе биде принуден да направи сѐ што треба и ако не сака. Гладна мечка оро не игра – гладен човек не може да работи. Си се фатил на оро, ќе играш; Дала баба динар да се фати на оро, дала два да се пушти, ама не ја пуштиле (посл.) – кога си започнал некоја работа, треба да ја довршиш. Се фатил сиромавиот на оро, се скинал тапанот – кога сиромав ќе почне некоја добра работа, излегуваат многу проблеми и работата се расипува. Самовилско оро – 1. виорен ветер што завива сѐ во круг и крева сѐ на што ќе наиде; 2. прекрасно оро, оро на самовилите.