ороси
Значење на ороси:
1. Покрие со роса. Ова утро росата ја оросила тревата.
2. Испрска со капки вода, натопи. Другарите му го оросија челото со вода и го освестија. Ова цвеќе го оросувам секое утро.
3. Избие капки пот, солзи. Капки пот му го оросија челото на старецот. Крупни солзи ѝ ги оросија образите на девојката.
Конјугација: оросат.
Изведени зборови:
- оросување, глаг. им. ср.
- се ~ ороси, Се покрие со капки роса, пот и сл. Утрово тревата се оросила. Челото му се ороси со капки пот.
- (се) оросува, глаг. несв. (се) оросуваат
Оригинални податоци:
ороси, оросат св. 1. Покрие со роса. Ова утро росата ја оросила тревата. 2. Испрска со капки вода, натопи. Другарите му го оросија челото со вода и го освестија. Ова цвеќе го оросувам секое утро. 3. Избие капки пот, солзи. Капки пот му го оросија челото на старецот. Крупни солзи ѝ ги оросија образите на девојката. ● се ~ Се покрие со капки роса, пот и сл. Утрово тревата се оросила. Челото му се ороси со капки пот. ǁ (се) оросува, (се) оросуваат несв. ǁ глаг. им. оросување ср.