ортак
Значење на ортак:
1. Другар во некакава работа, деловен соработник. Тие некогаш биле ортаци, воделе дуќан заедно.
2. (прен., пејор.) Соучесник во недозволена, незаконска работа. Тој му беше ортак во коцкањето.
Множина: ортаци.
Изведени зборови:
- ортачка, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ако ми е брат, не ми е ортак (посл.) – ако сме браќа, секој си работи за себе.
Оригинални податоци:
ортак, мн. ортаци м. 1. Другар во некакава работа, деловен соработник. Тие некогаш биле ортаци, воделе дуќан заедно. 2. (прен., пејор.) Соучесник во недозволена, незаконска работа. Тој му беше ортак во коцкањето. ◊ Ако ми е брат, не ми е ортак (посл.) – ако сме браќа, секој си работи за себе. ǁ ортачка, мн. ортачки ж.