орудие

Именка, среден род

Значење на орудие:

1. Предмет што човекот го употребува и со кој се служи во разни дејности, пред сѐ во совладувањето на природата; инструмент за работа, алат.

2. (прен.) Средство за остварување на некоја цел, за постигање на нешто. Тој е слепо орудие во нејзините раце.

3. Општ назив за артилериско оружје. Се пукаше од сите орудија.

Множина: орудија.

Оригинални податоци:

орудие, мн. орудија ср. 1. Предмет што човекот го употребува и со кој се служи во разни дејности, пред сѐ во совладувањето на природата; инструмент за работа, алат. 2. (прен.) Средство за остварување на некоја цел, за постигање на нешто. Тој е слепо орудие во нејзините раце. 3. Општ назив за артилериско оружје. Се пукаше од сите орудија.