осцилација
Значење на осцилација:
1. (физ.) Периодично движење на двете страни, периодично менување на состојбата; треперење, нишање, клатење. Осцилација на гласните жици. Осцилација на магнетно поле.
2. Непостојаност, подвижност, подем и паѓање. Во неговата поезија постојат тематски осцилации. Развојни осцилации.
Множина: осцилации.
Изведени зборови:
- осцилациски, прид. осцилацискиот -- осцилационен, осцилациониот
Оригинални податоци:
осцилација, мн. осцилации ж. 1. (физ.) Периодично движење на двете страни, периодично менување на состојбата; треперење, нишање, клатење. Осцилација на гласните жици. Осцилација на магнетно поле. 2. Непостојаност, подвижност, подем и паѓање. Во неговата поезија постојат тематски осцилации. Развојни осцилации. ǁ осцилациски, осцилацискиот / осцилационен, осцилациониот прид.