осети
Значење на осети:
1. Почувствува нешто. Ја осети земјата под нозете. Таа осети празнина во душата. Тој осети дека му е потребна помош.
2. Досети, насети нешто. Таа осети дека тој ден ќе ѝ се случи нешто лошо.
Коњугација: осетат.
Изведени зборови:
- осетување, глаг. им. ср.
- се ~ осети, 1. Се почувствува. Тогаш се осетив силен. Стариот се осети слаб. 2. безл. Се насети, се предосети. Уште пред да почнат демонстрациите, се осети атмосфера на напнатост. Во воздухот се осети дека ќе има дожд.
- (се) осетува, глаг. несв. (се) осетуваат
Оригинални податоци:
осети, осетат св. 1. Почувствува нешто. Ја осети земјата под нозете. Таа осети празнина во душата. Тој осети дека му е потребна помош. 2. Досети, насети нешто. Таа осети дека тој ден ќе ѝ се случи нешто лошо. ● се ~ 1. Се почувствува. Тогаш се осетив силен. Стариот се осети слаб. 2. безл. Се насети, се предосети. Уште пред да почнат демонстрациите, се осети атмосфера на напнатост. Во воздухот се осети дека ќе има дожд. ǁ (се) осетува, (се) осетуваат несв. ǁ глаг. им. осетување ср.