ошути
Значење на ошути:
1. а) Направи рогато животно да изгуби рог, рогови. Ја ошутил козата. б) Остане без рог, рогови, стане шут.
2. Открши дел од нешто. Го ошутил стомнето.
3. (прен., разг.) Стане будалест, се мрдне од умот.
4. (прен., разг.) Земе некому нешто (обично пари) со измама, со кражба.
5. Премногу се истриже. Ама те ошутиле.
Коњугација: ошутат.
Изведени зборови:
- ошутување, глаг. им. ср.
- се ~ ошути, 1. Кон зн. 3. Се ошути човекот. 2. (разг., ирон.) Се потстриже повеќе од вообичаеното. Што си се ошутила вака.
- (се) ошутува, глаг. несв. (се) ошутуваат
Оригинални податоци:
ошути, ошутат св. 1. а) Направи рогато животно да изгуби рог, рогови. Ја ошутил козата. б) Остане без рог, рогови, стане шут. 2. Открши дел од нешто. Го ошутил стомнето. 3. (прен., разг.) Стане будалест, се мрдне од умот. 4. (прен., разг.) Земе некому нешто (обично пари) со измама, со кражба. 5. Премногу се истриже. Ама те ошутиле. ● се ~ 1. Кон зн. 3. Се ошути човекот. 2. (разг., ирон.) Се потстриже повеќе од вообичаеното. Што си се ошутила вака. ‖ (се) ошутува, (се) ошутуваат несв. ‖ глаг. им. ошутување ср.