осигури

Глагол, свршен

Значење на осигури:

1. а) Направи нешто да биде сигурно, зацврсти, заштити. Нашиот партизански одред го осигури мостот за премин. б) Заштити некого од опасност. Обезбедувањето го осигури поминувањето на претседателот.

2. Направи нешто да стане реално, оствари нешто. Осигури успех. Осигури победа. Осигури продажба.

3. а) Снабди, набави. Таа си осигури индекс на филолошкиот факултет. Осигури огрев. Осигури храна. б) Снабди, обезбеди некого со неопходни средства (за работа, за живот). Родителите му ја осигурија иднината на својот син.

4. Склучи договор за осигурување (куќа, автомобил, имот, живот итн.). Тој ја осигури куќата во осигурителното друштво.

Коњугација: осигурат.

Изведени зборови:

  • осигурување, глаг. им. ср.
  • се ~ осигури, 1. Се заштити од нешто. Нашиот одред се осигури од ненадеен напад оваа ноќ. 2. Се снабди, се обезбеди. Моите родители се осигурија со храна за еден месец. 3. Стане сигурен во нешто. Девојчето се осигури дека во куќата нема никој и влезе. 4. Склучи осигурување. Јас се осигурив од несреќа во осигурителното друштво „Македонија“ на една година.
  • (се) осигурува, глаг. несв. (се) осигуруваат

Оригинални податоци:

осигури, осигурат св. 1. а) Направи нешто да биде сигурно, зацврсти, заштити. Нашиот партизански одред го осигури мостот за премин. б) Заштити некого од опасност. Обезбедувањето го осигури поминувањето на претседателот. 2. Направи нешто да стане реално, оствари нешто. Осигури успех. Осигури победа. Осигури продажба. 3. а) Снабди, набави. Таа си осигури индекс на филолошкиот факултет. Осигури огрев. Осигури храна. б) Снабди, обезбеди некого со неопходни средства (за работа, за живот). Родителите му ја осигурија иднината на својот син. 4. Склучи договор за осигурување (куќа, автомобил, имот, живот итн.). Тој ја осигури куќата во осигурителното друштво. ● се ~ 1. Се заштити од нешто. Нашиот одред се осигури од ненадеен напад оваа ноќ. 2. Се снабди, се обезбеди. Моите родители се осигурија со храна за еден месец. 3. Стане сигурен во нешто. Девојчето се осигури дека во куќата нема никој и влезе. 4. Склучи осигурување. Јас се осигурив од несреќа во осигурителното друштво „Македонија“ на една година. ǁ (се) осигурува, (се) осигуруваат несв. ǁ глаг. им. осигурување ср.