осигурувач

Именка, машки род

Воен термин.

Значење на осигурувач:

Заштитна направа, предмет што осигурува некакво движење, некаква операција и сл., што се вградува во апарати, делови од апарати, механизми итн. а) Елемент од електрична инсталација што во случај на зголемена јачина на струјата, краток спој или преоптоварување автоматски го прекинува струјното коло. б) Дел од оружјето што го закочува неговото дејствување.

Множина: осигурувачи.

Оригинални податоци:

осигурувач, мн. осигурувачи м. Заштитна направа, предмет што осигурува некакво движење, некаква операција и сл., што се вградува во апарати, делови од апарати, механизми итн. а) Елемент од електрична инсталација што во случај на зголемена јачина на струјата, краток спој или преоптоварување автоматски го прекинува струјното коло. б) (воен.) Дел од оружјето што го закочува неговото дејствување.