осигурување
Значење на осигурување:
1. Глаголска именка од (се) осигурува.
2. Однос заснован врз договор меѓу две страни, осигуреник и осигурителна компанија со кој, врз основа на определен еднократен паричен влог или повремени влогови од страна на осигуреникот, другата страна ќе му исплати определен паричен надоместок во случај на претрпена штета, болест, губење на работната способност, на животот итн. Осигурувањата на вработените ги уплативме на жиро-сметка. Патничко осигурување. Лично осигурување. Осигурување на имоти и лица.
3. Материјална и здравствена заштита на вработените и членови на нивните семејства во случај на болест, незгода на работното место или во старост. Социјално и пензиско осигурување.
4. Служба што осигурува, обезбедува, што чува одделни установи, објекти, лица од јавниот живот; обезбедување.
5. (воен.) Воен одред што се распоредува заради заштита на трупи, на транспортни средства и сл. Непријателот непрекинато бие по осигурувањето.
Множина: осигурувања.
Оригинални податоци:
осигурување, мн. осигурувања ср. 1. Глаг. им. од (се) осигурува. 2. Однос заснован врз договор меѓу две страни, осигуреник и осигурителна компанија со кој, врз основа на определен еднократен паричен влог или повремени влогови од страна на осигуреникот, другата страна ќе му исплати определен паричен надоместок во случај на претрпена штета, болест, губење на работната способност, на животот итн. Осигурувањата на вработените ги уплативме на жиро-сметка. Патничко осигурување. Лично осигурување. Осигурување на имоти и лица. 3. Материјална и здравствена заштита на вработените и членови на нивните семејства во случај на болест, незгода на работното место или во старост. Социјално и пензиско осигурување. 4. Служба што осигурува, обезбедува, што чува одделни установи, објекти, лица од јавниот живот; обезбедување. 5. (воен.) Воен одред што се распоредува заради заштита на трупи, на транспортни средства и сл. Непријателот непрекинато бие по осигурувањето.