ослаби

Глагол, свршен

Значење на ослаби:

1. а) Стане физички слаб. Тој ослабе и лицето му доби некаков тажен израз. Немаше доволно храна и децата ослабеа. б) Му се намали јачина, острина на некој осет (вид, слух и сл.) На дедо ми му ослабе видот последниве две години. Му ослабе слухот. в) Се намали степенот на некое чувство (љубов, тага и сл.) Љубовта со време ослабе. Тагата за родното место никогаш не ослабе.

2. Попушти, олабави. Од невремето телефонските врски ослабеа.

3. Направи некого или нешто да стане слабо. Операцијата го ослаби многу и тој тешко закрепнуваше. Долгогодишните борби ги ослабија и двата противника.

Конјугација: (го) ослабив , (го) ослабија , (го) ослабил , ослабат , ослабеа , ослабев , ослабел , ослабен, ослабете , ослаби .

Изведени зборови:

  • ослабува, глаг. несв. ослабуваат
  • ослабување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

ослаби, ослабат; ослаби, ослабете; ослабев, ослабеа; ослабел; (го) ослабив, (го) ослабија; (го) ослабил; ослабен св. 1. а) Стане физички слаб. Тој ослабе и лицето му доби некаков тажен израз. Немаше доволно храна и децата ослабеа. б) Му се намали јачина, острина на некој осет (вид, слух и сл.) На дедо ми му ослабе видот последниве две години. Му ослабе слухот. в) Се намали степенот на некое чувство (љубов, тага и сл.) Љубовта со време ослабе. Тагата за родното место никогаш не ослабе. 2. Попушти, олабави. Од невремето телефонските врски ослабеа. 3. Направи некого или нешто да стане слабо. Операцијата го ослаби многу и тој тешко закрепнуваше. Долгогодишните борби ги ослабија и двата противника. ǁ ослабува, ослабуваат несв. ǁ глаг. им. ослабување ср.