ослободи
Значење на ослободи:
1. а) Спаси, избави од ропство, од непријателска власт, од потчинетост некому. Војската ја ослободи земјата од непријателот. б) Врати лична слобода некому, што бил лишен од слобода. Судот го ослободи уапсениот.
2. Направи да биде достапно, подвижно нешто што било врзано, приклештено и сл. Го ослободи едниот крај од јажето и го повлече нагоре.
3. Направи да биде слободно тоа што било зафатено со нешто. Полицијата го ослободи патот од густиот сообраќај да помине странската делегација.
4. Направи да дојде до израз нешто што било прикриено. Бомбата ослободи големо количество разурнувачка енергија.
5. Направи да биде некој ослободен од обврска, должност и сл. Општината нѐ ослободи од плаќање комуналии.
6. Отфрли обвинение, оптужба. Судот го ослободи обвинетиот за убиство и го прогласи за невин.
7. Направи некој да се чувствува покомотно, посигурно, охрабри. Учителката ги ослободи децата пред настапот со малку смеа.
8. Отстрани некому тешкотија, болка и сл. Докторот го ослободи од болките во грбот.
Конјугација: ослободат.
Изведени зборови:
- ослободување, глаг. им. ср.
- се ~ ослободи, 1. Стане слободен, независен, стекне слобода. Се ослободивме од фашистичката окупација. 2. Извлече, престане да биде врзан, пригмечен, блокиран и сл. Напролет чуновите се ослободија од ледениот оклоп. Животното се ослободило од кафезот и избегало. 3. Отфрли од себе, престане да прави, да извршува нешто за себе непријатно, неповолно, непожелно, штетно. Тој се ослободи од непотребните работи. Крадецот бегајќи се ослободил од украдените работи, ги фрлил во ендекот. Се ослободи конечно од навиката да пуши. 4. Престане да чувствува болка, тешкотија и сл. Се ослободи од болките. 5. Стане послободен во однесувањето, се охрабри. Се ослободи малку пред да излезе пред професорот.
- (се) ослободува, глаг. несв. (се) ослободуваат
Оригинални податоци:
ослободи, ослободат св. 1. а) Спаси, избави од ропство, од непријателска власт, од потчинетост некому. Војската ја ослободи земјата од непријателот. б) Врати лична слобода некому, што бил лишен од слобода. Судот го ослободи уапсениот. 2. Направи да биде достапно, подвижно нешто што било врзано, приклештено и сл. Го ослободи едниот крај од јажето и го повлече нагоре. 3. Направи да биде слободно тоа што било зафатено со нешто. Полицијата го ослободи патот од густиот сообраќај да помине странската делегација. 4. Направи да дојде до израз нешто што било прикриено. Бомбата ослободи големо количество разурнувачка енергија. 5. Направи да биде некој ослободен од обврска, должност и сл. Општината нѐ ослободи од плаќање комуналии. 6. Отфрли обвинение, оптужба. Судот го ослободи обвинетиот за убиство и го прогласи за невин. 7. Направи некој да се чувствува покомотно, посигурно, охрабри. Учителката ги ослободи децата пред настапот со малку смеа. 8. Отстрани некому тешкотија, болка и сл. Докторот го ослободи од болките во грбот. ● се ~ 1. Стане слободен, независен, стекне слобода. Се ослободивме од фашистичката окупација. 2. Извлече, престане да биде врзан, пригмечен, блокиран и сл. Напролет чуновите се ослободија од ледениот оклоп. Животното се ослободило од кафезот и избегало. 3. Отфрли од себе, престане да прави, да извршува нешто за себе непријатно, неповолно, непожелно, штетно. Тој се ослободи од непотребните работи. Крадецот бегајќи се ослободил од украдените работи, ги фрлил во ендекот. Се ослободи конечно од навиката да пуши. 4. Престане да чувствува болка, тешкотија и сл. Се ослободи од болките. 5. Стане послободен во однесувањето, се охрабри. Се ослободи малку пред да излезе пред професорот. ǁ (се) ослободува, (се) ослободуваат несв. ǁ глаг. им. ослободување ср.