основа

Именка, женски род

Значење на основа:

1. Дел од предмет на кој се крепат другите негови делови; темел. Зградата има добра основа.

2. Во ткаење – надолжните нишки на кои се става јатокот.

3. Основна боја на која се ставаат други бои. На бела основа извезе цветови во неколку бои.

4. Причина, повод за нешто, за некаква пресметка, за некакво дејство. Немаш основа да се сомневаш во веродостојноста на податоците. Основа за пресметка на данок.

5. Јадро на нешто врз кое се надоградува, се поставува, се развива нешто. Планот е добра основа за понатамошна работа.

6. (само во мн.) Излезни, главни поставки на една наука. Основи на информатиката.

7. (грам.) Дел од зборот што обично не се менува на кој се додаваат наставки.

8. (мат.) Долната страна на геометриска слика или тело. Основа на триаголник. Основа на пирамида.

9. (хем.) база 3.

10. (архит., градеж.) Цртеж, план, хоризонтална проекција на некој објект.

Множина: основи.

Фразеолошки израз / поговорка:

Врз основа на – ако се има предвид тоа на кое се упатува, врз кое се темели, се базира нешто. Положи основа – стави темел, започне, основа нешто.

Оригинални податоци:

основа, мн. основи ж. 1. Дел од предмет на кој се крепат другите негови делови; темел. Зградата има добра основа. 2. Во ткаење – надолжните нишки на кои се става јатокот. 3. Основна боја на која се ставаат други бои. На бела основа извезе цветови во неколку бои. 4. Причина, повод за нешто, за некаква пресметка, за некакво дејство. Немаш основа да се сомневаш во веродостојноста на податоците. Основа за пресметка на данок. 5. Јадро на нешто врз кое се надоградува, се поставува, се развива нешто. Планот е добра основа за понатамошна работа. 6. (само во мн.) Излезни, главни поставки на една наука. Основи на информатиката. 7. (грам.) Дел од зборот што обично не се менува на кој се додаваат наставки. 8. (мат.) Долната страна на геометриска слика или тело. Основа на триаголник. Основа на пирамида. 9. (хем.) сп. база 3. 10. (архит., градеж.) Цртеж, план, хоризонтална проекција на некој објект. ◊ Врз основа на – ако се има предвид тоа на кое се упатува, врз кое се темели, се базира нешто. Положи основа – стави темел, започне, основа нешто.