основен

Придавка

Значење на основен:

1. Што ја прави основата; главен, битен, суштествен. Основна задача. Основни состојки. Основно значење.

2. Што се извршува од основа, радикален, коренит. Основната реорганизација е направена, остануваат уште некои поситни работи.

3. Почетен, елементарен. Основно училиште. Основен курс.

Членувана форма: основниот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Основни средства – дел од имотот на едно претпријатие кој служи за извршување на дејноста, а не се потрошува со една употреба.

Оригинални податоци:

основен, основниот прид. 1. Што ја прави основата; главен, битен, суштествен. Основна задача. Основни состојки. Основно значење. 2. Што се извршува од основа, радикален, коренит. Основната реорганизација е направена, остануваат уште некои поситни работи. 3. Почетен, елементарен. Основно училиште. Основен курс. ◊ Основни средства – дел од имотот на едно претпријатие кој служи за извршување на дејноста, а не се потрошува со една употреба.