особен

Придавка

Значење на особен:

1. Што се изделува од другите, што се истакнува меѓу другите; посебен, забележителен. Тоа е од особена важност. Покажува особен интерес. Со особено задоволство се потсетуваме на тие настани.

2. Необичен, чуден. Имаше некој особен поглед. Особени луѓе.

3. Специјален, посебен. Немам особени причини да не ја прифатам поканата. Учебната година помина без особени забележителности.

4. Личен, својствен, карактеристичен за некого, или за нешто. Тој си има свое особено мислење.

Членувана форма: особениот.

Изведени зборови:

  • особено, прил. Тој особено се интересира за животот на село. Момчето го засака особено поради неговата чесност. Особено се истакнуваат неколку ученици.
  • особеност, и. ж. Обележје, карактеристика. Стилска особеност. Карактерна особеност.

Оригинални податоци:

особен, особениот прид. 1. Што се изделува од другите, што се истакнува меѓу другите; посебен, забележителен. Тоа е од особена важност. Покажува особен интерес. Со особено задоволство се потсетуваме на тие настани. 2. Необичен, чуден. Имаше некој особен поглед. Особени луѓе. 3. Специјален, посебен. Немам особени причини да не ја прифатам поканата. Учебната година помина без особени забележителности. 4. Личен, својствен, карактеристичен за некого, или за нешто. Тој си има свое особено мислење. ǁ особено прил. Тој особено се интересира за животот на село. Момчето го засака особено поради неговата чесност. Особено се истакнуваат неколку ученици. ǁ особеност ж. Обележје, карактеристика. Стилска особеност. Карактерна особеност.