остане

Глагол, свршен

Значење на остане:

1. а) Продолжи да се наоѓа, да се задржува негде, не промени место, положба. Јас останав в село, а другите заминаа в планина. Таа остана дома да зготви ручек. Остана в постела. Портата остана подотворена. Книгата остана на масата. б) Не промени состојба, статус. Таа остана немажена. в) Стане некаков како последица на нешто. Тој млад остана вдовец. Во таа несреќа тој остана сакат (слеп и сл.).

2. Продолжи да престојува, помине време на некое место. Остана в болница подолго време. Крај езерото останавме речиси два месеца.

3. Истрае во нешто, одржи нешто. Вработените останаа на своето решение да се смени директорот. Тој остана на занаетот од татко му.

4. Остави трага, белег. Трагите од коњските копита останаа во калта. Урнатините останаа како нем сведок на бомбардирањето. Траги од крв му останаа на облеката.

5. Не помине во погорно одделение, клас (во школувањето), изостане, заостане. Тој остана по вторпат во седмо одделение.

6. Е оставен, предаден во наследство. Носијата ми остана во наследство од баба ми. Куќата му остана од татко му.

7. Остави нешто на поминување, помине покрај нешто. Нашиот тркач остана меѓу последните уште во првиот круг. Селото остана далеку зад нас.

8. Загине, падне во бој. Многу борци останаа на бојното поле.

9. Преживее, продолжи да суштествува. Од семејството останал жив само најмалиот брат. Во авионската несреќа не остана никој жив.

10. (само во 3л.) Се зачува, преостане во еден помал или поголем дел, од нешто што се губи, што исчезнува. Од ручекот остана само малку. Ни останаа уште стотина метри до врвот на планината. Останаа неколку минути до доаѓањето на возот. 1Е препуштено, оставено нешто на некого. Грижата за децата остана на жената. 12. безл. Треба да се направи уште нешто. Остана уште да се потпише договорот. Ќе остане да се направи уште една проверка.

Конјугација: (ќе) останеа , (ќе) останев , (ќе) останел, останаа , останав , останал , останат , останат , останете , остани .

Изведени зборови:

  • останува, глаг. несв. остануваат
  • останување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Атер да не ти остане – не забележувај ми за ова што ќе ти го кажам. Меѓу нас да остане (кажаното) – да не се шири, не кажувај на други. Остане на улица – остане без приход, без средства за живот. Остане на пол пат – (обично за образование) не заврши нешто што започнал, училиште, занает и сл. Остане бел во очите – остане без очекуваното. Остане со празни раце – остане без ветеното, очекуваното. Остане (некому) во умот/паметот – не заборави, добро запамети некого или нешто. Остане тешка/трудна – забремени. Не остане никому должен – врати со иста мера. Остане во сила (за закон, правило, пропис и сл.) – не се смени, уште има важност. Прашањето остана отворено – не е решено тоа што се очекувало да се реши. Остана со прстот в уста – остана изненаден, излажан, без тоа што го очекувал. Во кого душа да остане – остане без здив, од смеење, од работа и сл. Остане на зборот – го држи дадениот збор, даденото ветување. Очите му останаа во нешто или во некого – многу му се допадне. Пуст да остане – клетва.

Оригинални податоци:

остане, останат; остани, останете; останав, останаа; останал; останат; (ќе) останев, (ќе) останеа; (ќе) останел св. 1. а) Продолжи да се наоѓа, да се задржува негде, не промени место, положба. Јас останав в село, а другите заминаа в планина. Таа остана дома да зготви ручек. Остана в постела. Портата остана подотворена. Книгата остана на масата. б) Не промени состојба, статус. Таа остана немажена. в) Стане некаков како последица на нешто. Тој млад остана вдовец. Во таа несреќа тој остана сакат (слеп и сл.). 2. Продолжи да престојува, помине време на некое место. Остана в болница подолго време. Крај езерото останавме речиси два месеца. 3. Истрае во нешто, одржи нешто. Вработените останаа на своето решение да се смени директорот. Тој остана на занаетот од татко му. 4. Остави трага, белег. Трагите од коњските копита останаа во калта. Урнатините останаа како нем сведок на бомбардирањето. Траги од крв му останаа на облеката. 5. Не помине во погорно одделение, клас (во школувањето), изостане, заостане. Тој остана по вторпат во седмо одделение. 6. Е оставен, предаден во наследство. Носијата ми остана во наследство од баба ми. Куќата му остана од татко му. 7. Остави нешто на поминување, помине покрај нешто. Нашиот тркач остана меѓу последните уште во првиот круг. Селото остана далеку зад нас. 8. Загине, падне во бој. Многу борци останаа на бојното поле. 9. Преживее, продолжи да суштествува. Од семејството останал жив само најмалиот брат. Во авионската несреќа не остана никој жив. 10. (само во 3л.) Се зачува, преостане во еден помал или поголем дел, од нешто што се губи, што исчезнува. Од ручекот остана само малку. Ни останаа уште стотина метри до врвот на планината. Останаа неколку минути до доаѓањето на возот. 11. Е препуштено, оставено нешто на некого. Грижата за децата остана на жената. 12. безл. Треба да се направи уште нешто. Остана уште да се потпише договорот. Ќе остане да се направи уште една проверка. ◊ Атер да не ти остане – не забележувај ми за ова што ќе ти го кажам. Меѓу нас да остане (кажаното) – да не се шири, не кажувај на други. Остане на улица – остане без приход, без средства за живот. Остане на пол пат – (обично за образование) не заврши нешто што започнал, училиште, занает и сл. Остане бел во очите – остане без очекуваното. Остане со празни раце – остане без ветеното, очекуваното. Остане (некому) во умот/паметот – не заборави, добро запамети некого или нешто. Остане тешка/трудна – забремени. Не остане никому должен – врати со иста мера. Остане во сила (за закон, правило, пропис и сл.) – не се смени, уште има важност. Прашањето остана отворено – не е решено тоа што се очекувало да се реши. Остана со прстот в уста – остана изненаден, излажан, без тоа што го очекувал. Во кого душа да остане – остане без здив, од смеење, од работа и сл. Остане на зборот – го држи дадениот збор, даденото ветување. Очите му останаа во нешто или во некого – многу му се допадне. Пуст да остане – клетва. ǁ останува, остануваат несв. ǁ глаг. им. останување ср.