останка
Значење на останка:
1. Тоа што останува од нешто, што се зачувало од нешто. Останките на паднатиот авион. Ги собра останките од храната.
2. Тело на покојник. Посмртните останки беа изложени во капелата.
Множина: останки.
Оригинални податоци:
останка, обично во мн. останки ж. 1. Тоа што останува од нешто, што се зачувало од нешто. Останките на паднатиот авион. Ги собра останките од храната. 2. Тело на покојник. Посмртните останки беа изложени во капелата.