остар

Придавка

Значење на остар:

1. Што е со тенок врв, раб, крај што може да боде, да сече. Остар камен. Остри заби.

2. Што е со тенко сечило. Остар нож. Остра сабја.

3. (прен.) Тврд, груб; мек. Остра волна. Остро брашно.

4. (прен.) За ветер, воздух, болка, студ – што дејствува како да сече, многу силен, резок. Остар воздух. Остра болка го пресече преку половината. Се чу остар звук.

5. (прен.) Што е прониклив. Му упати остар поглед. Тој има остро око.

6. (прен.) За мирис и сл. – јак, лут. Остра миризба се ширеше од визбата.

7. (прен.) За човек – строг, жесток. Не можеш убаво да разговараш со него, многу е остар.

8. (прен.) Што е полн со лутина; навредлив, саркастичен. Остар јазик. Остра сатира.

9. (прен.) Што е силно пројавен, изразен. Остра криза. Остар судир. Власта презеде остри мерки против прекршителите на законот.

10. (прен.) Што се појавува во доста определан форма, изразен. Има остри црти на лицето.

11. (прен.) За завој, кривина и сл. – што нагло врти, го менува правецот. Остра кривина.

12. (мат.) Што има агол помал од 90 степени. Остар агол.

Членувана форма: остриот.

Алтернативно: поостар

Изведени зборови:

  • остро, прил. На остар начин. Го погледна остро. Момчето остро одговори на прашањето.

Фразеолошки израз / поговорка:

Два остри камена не мелат брашно (посл.) – за да се одвива некоја работа, мора да се прават компромиси. Има остро перо – за новинар, писател и сл. пишува остроумно, строго.

Оригинални податоци:

остар, остриот, поостар прид. 1. Што е со тенок врв, раб, крај што може да боде, да сече. Остар камен. Остри заби. 2. Што е со тенко сечило. Остар нож. Остра сабја. 3. (прен.) Тврд, груб; спрот. мек. Остра волна. Остро брашно. 4. (прен.) За ветер, воздух, болка, студ – што дејствува како да сече, многу силен, резок. Остар воздух. Остра болка го пресече преку половината. Се чу остар звук. 5. (прен.) Што е прониклив. Му упати остар поглед. Тој има остро око. 6. (прен.) За мирис и сл. – јак, лут. Остра миризба се ширеше од визбата. 7. (прен.) За човек – строг, жесток. Не можеш убаво да разговараш со него, многу е остар. 8. (прен.) Што е полн со лутина; навредлив, саркастичен. Остар јазик. Остра сатира. 9. (прен.) Што е силно пројавен, изразен. Остра криза. Остар судир. Власта презеде остри мерки против прекршителите на законот. 10. (прен.) Што се појавува во доста определан форма, изразен. Има остри црти на лицето. 11. (прен.) За завој, кривина и сл. – што нагло врти, го менува правецот. Остра кривина. 12. (мат.) Што има агол помал од 90 степени. Остар агол. ◊ Два остри камена не мелат брашно (посл.) – за да се одвива некоја работа, мора да се прават компромиси. Има остро перо – за новинар, писател и сл. пишува остроумно, строго. ǁ остро прил. На остар начин. Го погледна остро. Момчето остро одговори на прашањето.