остаток

Именка, машки род

Значење на остаток:

1. Тоа што останува од некоја количина, преостанат дел од нешто. Остатоците од ручекот ги стави во фрижидерот. Остатоци од стара керамика. Остатокот од ноќта го преседе буден.

2. останка 3. (мат.) Неделив дел, величина што останува како разлика при вадење и делење. Делење со остаток. Делење без остаток.

Множина: остатоци.

Фразеолошки израз / поговорка:

Без остаток – целосно, наполно.

Оригинални податоци:

остаток, мн. остатоци м. 1. Тоа што останува од некоја количина, преостанат дел од нешто. Остатоците од ручекот ги стави во фрижидерот. Остатоци од стара керамика. Остатокот од ноќта го преседе буден. 2. сп. останка 1. 3. (мат.) Неделив дел, величина што останува како разлика при вадење и делење. Делење со остаток. Делење без остаток. ◊ Без остаток – целосно, наполно.